left

Добредојдовте

Ресторанот ОСТРОВО се наоѓа на јужно источната страна на Охридското Езеро, на еден од двата острови на изворите на реката Црн Дрим во близина на манастирот Свети Наум Охридски и е опкружен со најживописната природа во поширокиот регион.

Ресторанот Острово во текот на зимскиот период нуди капацитет за 90 лица, со можност за дополнителни 80 места на терасата, а во текот на пролета и летото целиот остров прераснува во ресторан-градина со повеќе од 500 места за посетителите.
Во нашиот ресторан може да уживате во вкусот на македонската традиционална храна од Охридскиот регион. Од нашето богато мени ви препорачуваме грав, полжави, пита со спанаќ, охридско ѓомлезе, сарма, повеќе видови на риба како: пастрмка, јагула, крап и морски плодови.

Прошетка со кајче

Многу познато е крстарењето со кајче по 700 метри долгите извори на мајката на Охридското езеро - реката Црн Дрим. Од 45 откриени извори 30 се под вода. овие извори се дом на ендемична флора и фауна како што се вид на алги со виолетова боја и малите водни желки кои се специфични и ретки, а кај нас можат да се видат од Јуни до Октомври.

Охридски Бисери

Во склоп на ресторанот е организирано презентација на рачно изработените оргинални Охридски Бисери и преубавиот сребрен накит од првата фамилија Ристески од Свети Наум.

Етно Вила Ристески

Оваа автентична вила се наоѓа во селото Љубаништа, на само 2,5 километри од манастирот Св. Наум и ресторанот Острово. Има 5 луксузни апартмани со капацитет од 20 луѓе коишто се со клима-уред, кабловска телевизија, мини-бар и кујна. Секој апартман располага со тераса која има прекрасен поглед на Охридското езеро и манастирскиот комплекс Св. Наум.