left

За Фамилија Ристески



- ОХРИДСКИ БИСЕР

Совршен сувенир за оние коишто го посетуваат Охрид и Охридското езеро. Исклучиво важно е да се напомене дека постојат само неколку фамилии во Охрид, кои ја знаат “тајната“ за обработката на добро познатиот Охридски бисер. Фамилијата Ристески е првата фамилија која ги изработува Охридските бисери уште од далечната 1954 година во Св. Наум

- КАРАКТЕРИСТИКИ

Тајната за изработката на Охридскиот Бисер дури и денес е една од најдобро чуваните тајни на оваа фамилија која изработува бисери соединети во креативни бисерни огрлици и нараквици и се пренесува веќе четврта генерација од колено на колено.

- МЕТОД НА ИЗРАБОТКА

Кога зборуваме за бисерот секогаш ни паѓа на памет дека токму тој е пронајден во школка, меѓутоа Охридскиот Бисер има поспецифичен метод на изработка. Охридскиот Бисер не е најден во школка, туку тој се изработува на тој начин што се зема најблескавиот (внатрешен) дел од школката, истиот добро се преработува и се добива саканата форма - седефасто зрно. Вториот процес на обработка на бисерот е премачкување на веќе добиеното седефасто зрно со емулзија која се добива од крлушката на охридската риба - плашица

- ТРАДИЦИЈА И ВЕЧНОСТ

Поодамна имало неколку модели на огрлици на Охридски Бисер кои му давале акцент на дадени манифестации какви што биле свадба, слави и визити, запросување девојка итн. Тие биле именувани како според приликата. - Староградска плетка со кои што посериозните дами и госпоѓи се закитувале за слави и свечени пригоди. - Моминска огрлица која ја поседувала речиси секоја венчана девојка, бидејќи редот во тоа време бил токму со ваква огрлица да се побара невестинската рака.

- УНИКАТНА КРЕАТИВНОСТ

Фамилија Ристески нуди богата колекција на уникатен рачно изработен накит. Големиот избор на различни бои на култивирани природни бисери, им овозможуваат да изберете идеалнакомбинација за вашата гардероба. Секоја креација се одликува со индивидуален пристап, замисла и дизајн. Тие се изработуваат во различни должини според желбата на клиентот. Моделите се за луѓе кои сакаат да се различни, со подвлечен сопствен стил и параметри.

- НЕГУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ НА ТРАДИЦИЈАТА

- Обидете се да го заштитите производот од остри предмети и хемикалии како и слични супстанци кои видно можат да ја оштетат бојата и текстурата на производот. Исто така, не е препорачлив контакт со сулфур, абризивни средства, хемикалии, парфеми, спрејови за коса, бои за коса и сл.

ПОСЕТЕ ТЕ НЕ