Ресторан "ОСТРОВО" се наоѓa на јужно-источната страна на Охридското Езеро, на еден од двата острови на изворите на реката Црн Дрим,
во близнина на Манастирот Св. Наум Охридски кој е опкружен со најживописната природа во поширокиот регион.
Во нашиот ресторан може да уживате во вкусот на македонската традиционална храна од Охридскиот регион.
Ресторанот Острово во текот на зимскиот период нуди капацитет за 90 лица, со можност за дополнителни 80 места на терасата,
а во текот на пролета и летото целиот остров прераснува во ресторан-градина со повеќе од 500 места за посетителите.